ПРОФЕСИОНАЛНИ РЕШЕНИЈА ЗА УГОСТИТЕЛСКА ОПРЕМА

За Вас

Совет

Која е користа од совршени идеи за комерцијална кујна доколку ги немате вистинските луѓе кои ќе ви ги обезбедат потребните совети, како истите да ги претворите во реалност? 


За да можете да креирате оптимално дизајнирана, модерна, енергетски ефикасна комерцијална кујна, треба да ги земете предвид основните технички услови и факторите на трошоците уште од самиот почеток на проектот.

План

Нашите квалификувани специјалисти ќе ви обезбедат персонализирани, холистички, долгорочен план за сите аспекти на вашата кујна, вклучувајќи ја нејзината архитектура, внатрешен дизајн, механички, електрични и водоводни услуги и персонал, како и за сите поврзани работи и процеси.


Сега кујната можете да ја доживеете многу повеќе од функционален простор и да ја прилагодите на вашите потреби и преференции.

Оптимизација

Horeca Professional е вашиот идеален партнер кој ќе ви обезбеди специјализирано знаење и ќе ви ги даде потребните насоки без оглед на вашите потреби. Без разлика дали планирате да дизајнирате и изградите цел систем за угостителство од почеток до крај, доколку ви е потребен совет за тоа како да исполните одредено проектно барање или пак барате некого да ви обезбеди дополнителна поддршка за вашиот проект.

Изведба

Нашиот тим кој е составен од висококвалитетен и успешен кадар го има потребното искуство, креативност и експертиза да ги развие вашите идеи, да обезбеди гаранција за квалитет и да го имплементира модерниот дизајн кој вам ви е потребен. Специјалистите на Horeca Professional целосно ќе се фокусираат на секој аспект од вашиот проект, почнувајќи од основната проценка на вашите потреби, па сè до обезбедување постојана поддршка.


Нашиот тим се води според воспоставените теоретски и практични  принципи и клучни индикатори за квалитет и може да понуди широко портфолио на испробани и доверливи решенија во сите сегменти на угостителството.

Како работиме

уникатност

Ние ќе ви обезбедиме персонализирани дизајни, оптимизирани за вашите системи и достапни ресурси. 


Максимизирајте ја ефикасноста во користењето на просторот и физичките работни задачи со нашиот асортиман на услуги кој ги вклучува сите фази на планирање и имплементација.

ЦЕЛ

За да ја постигнеме нашата заедничка проектна цел, постојано ја имаме на ум нашата мисија да гарантираме најдобро можно искористување на просторот.


Ставајќи посебен акцент на финесите, што ни помага како вешти професионалци целосно да ги цениме крајните цели на вашите барања.

процес

Согледувајќи го планот од гледна точка на нашите и ваши клиенти и вработени, ние ги оптимизираме работните задачи и процеси за да постигнеме најефикасно можно распоредување на персоналот.


Секогаш внимаваме на можностите за интегрирање на напредни технологии за заштеда на ресурси.

транспарентност

Транспарентноста е важен предуслов во нашето работење со цел да се осигураме дека нашата работа ги задоволува вашите потреби и преференции. 


Тесно соработуваме со нашите клиенти во секоја фаза од проектот - од првичните скици на вашата идеја, па сè до конечниот резултат.

Со правење реални проценки на датумите на завршување, трошоците и изводливоста на вашите барања, гарантираме дека постојано ќе бидете информирани за напредокот, а со тоа и вашиот проект на крајот ќе биде успешен.

Контакт

Со задоволство ќе го разгледаме вашиот проект на лице место за да го развиеме заедно со вас најдобриот можен пат до имплементација на вашата единствена идеја за дизајн.


АДРЕСА

ТЕЛЕФОН

РАБОТНО ВРЕМЕ

Понеделник - Петок: 08-16 часот

Сабота - Недела: затворено

Е-mail

топ

©rafted by allonweb | 2022 © Horeca Professional